Ахмети се сретна со Гаши: Преговори за Влада се уште нема

Преговори за владина коалиција се уште не се водат, брифираат од ДУИ откако вчера лидерот Али Ахмети се сретна со лидерот на БЕСА, Африм Гаши, објави Сител.

Официјално од ДУИ и од БЕСА велат дека вчерашната средба Ахмети – Касами не била во функција на договори за ново парламентарно мнозинство.

- Средбата е по барање на Ахмети. Суштински е разговарано за потребата од брзо ставање во функција на институциите и за целосно посветување за почеток на преговорите за членство на ЕУ. Ваквите средби се нормални и позитивни кои придонесуваат за зајакнување на демократските капацитети на сериозните политички партии – велат од БЕСА.

И од ДУИ велат дека се уште не почнале со преговори, но според нив јасно е дека тие се победничката партија во албанскиот блок и со тоа легитимен преговарач за во Влада.

Неофицијално, дознава Сител, преговорите  прво ќе почнат со СДСМ која има 46 пратеници заедно со БЕСА, а со тоа и два повеќе од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски извори коментираат дека кои владини ресорси ќе бидат побарани ќе зависи од тоа како ќе тргнат преговорите за премиер Албанец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега