Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени


Имаме програма која ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени, рече носителот на листата со кандидати од коалицијата Влен/Вреди за Изборната единица 6 и лидер на политичката партија, Биљал Касами во одговор на новинарското прашање за коментар на изјавата на Христијан Мицкоски дека засега немаат добиено услови за заедничко коалицирање во идната влада. Тој потенцира дека основен услов се спроведување на уставните измени.

- Ние сега не разбираме што тоа значи. Ако некои други, во овој случај ДУИ праќаат емисари до него за да безусловно влезат во идната влада како што влегоа и во досегашните влади, за нас тоа е непоимливо. Во делот на таа програма има и уставни измени, интегрирање во ЕУ и сè што е во делот на подобрување на животот на нашите граѓани и унапредување на државата во процесот на евроинтегрирањето, рече Касами.

 

29.04.2024 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега