Ако сте во овие делови од Кисела Вода наполнете си шишиња вода

 

Корисниците од улиците „Гвадалахара“, „Јури Розентал“, „Гарибалди“ и „Ѓорѓи Пенков“ денеска од 13:00 часот се со прекинато водоснабдување поради уличен дефект на цевка со пречник од 150 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Гвадалахара“ и „Востаничка“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување на санацијата на дефектот. 

11.09.2021 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега