Николоски: За две недели Собранието очекувам да го ратификува договорот

 

За две недели Собранието очекувам да го ратификува договорот, а веќе доцна на есен да започнат и градежните работи на терен за проектите кои ги имаме прецизирано, истакна во интервјуто за МРТВ вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
 
Како што најави тој, ќе се запази процедурта на Законот за јавни набавки и ќе се промени принципот на компетитивен дијалог за да се добијат најдобри цени.
 
“По потпишувањето кое што се случи, одиме на ратификација во Собрание и се надевам дека тоа ќе биде во следните 10 до 14 дена, во Велика Британија тоа е многу поедноставо само во Влада поминува договорот. По ратификацијата влегуваме во официјални разговори во реализација на проектите на оние кои што се веќе дефинирани а тоа е брзата пруга, болниците, факултетот и студентскиот дом. Ќе одиме во една процедура која комплетно ќе го запази Законот за јавни набавки, ќе одиме во таканаречен компетитивен дијалог. Единствениот услов кој што го поставува Велика Британија е 30 % од компонентата да е од Велика Британија и носителот да е од Велика Британија, други ограничувања немаме. Откако ќе се одбере оној кој би го изведувал, а ќе добиеме најдобри цени за проекти од било што друго претходно, паралено ќе работиме на обезбедување на финансирање, така што очекувам до крај на летото да ги имаме овие два пакети завршено. После тоа неколку месеци природно е да им дадете за мобилизација и доцна есен да почне да се работи” -истакна вицепремиерот Николоски.
 
Во однос на рокот на важност на Договорот тој доаде:
 
‘Во рамки на Договорот тоа е стандард, има рок од 10 години на важење на Договорот но тој не се однесува на должината на проектите, проектите се подолги во однос на финансирањето. Исто така Договорот е јасен, доколку двете страни немаат против, Договорот продолжува да важи така што јас очекувам многу подолго од 10 години да трае ова партнерство меѓу  Македонија и Велика Британија”- истакна вицепремиерот Николоски.
23.05.2025 - 21:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега