Актерката успешно ја сокри бременоста: Го дочека второто дете далеку од очите на јавноста

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк ја шокираа јавноста. Џесика била бремена и тоа успешно го сокри од јавноста. Популарниот пар доби уште еден син. Двајцата го имаат петгодишниот син Сајлас.

Овој пар од март не се појави во јавност, а секој можеше да претпостави дека тоа е поради пандемијата од коронавирусот. Се смета дека периодот го поминале во изолација во нивната куќа во Монтана.

За да не бидат сомнителни, тие постојано објавуваа фотографии на социјалните мрежи, а Џастин и Џесика внимателно бираа што ќе објават, така што на тие слики не се гледа телото на Џесика.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега