Александра Младеновиќ повторно среќна во љубовта: Пејачката објави фотографија со новото момче

Пејачката Александра Младеновиќ по сите бродоломи повторно е среќна во љубовта.

Таа на социјалните мрежи за прв пат го покажа своето ново момче, извесен Дарко Добричанин кој и го украде срцето.

Александра позираше со него и најблиските, а тие се фотографираа опкружени со зеленило.

Младеновиќ имаше широка насмевка на лицето, а се гледаше дека блеска.

Инаку, Александра неодамна е фотографирана на аеродромот „Никола Тесла“ по враќањето од настап,  каде ја чекаше и нејзиното момче кое веднаш и помогна со чантите.

Како што се шпекулираше во медиумите, Дарко е син на успешен бизнисмен и бил во врска со пејачката Каја Остојиќ.

 

19.03.2024 - 21:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега