Али Ахмети: Нашиот премиер ќе гарантира пријателство со САД и ЕУ

Во држава каде еден Албанец или Албанка може да стане премиер и да биде достoен предводник кој ќе гарантира доживотно партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Ова е тоа што сакам да им го овозможам на нашите деца и нашите внуци: Довербата дека ние можеме да постигнеме се што сонуваме. И за ова, треба да се обединиме, кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети во денешното обраќање до јавноста.
Ахмети истотака рече дека првиот Албанец премиер ќе биде премиер на
еднаквоста и развојот.
„Првиот Албанец Премиер ќе биде Премиер на сите. Премиер на рамноправост: еднакви работни места, еднакви плати. Премиер на еднаквите права и на неселективната правда. За Албанците и за сите. Првиот премиер Албанец ќе раководи нова генерација на политиката, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја Северна Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на Европската Унија.
Премиер кој обединува и ќе започне нова епоха не само во Албанската историја, туку и во таа на Северна Македонија, дури и во Европската историја.” објасни Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега