Алијанса ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ во Кичево: Секој што не е од ДУИ треба да добие поддршка

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека секој кандидат кој не е кандидиран од ДУИ треба да биде поддржан од албанската опозиција.

Тој во изјава за порталот „Тетова-сот“ рече дека АА најверојатно ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски.

– Мора најпрво да седнеме со нашиот коалициски партнер Алтернатива и верувам дека за два-три дена ќе ги имаме дефинирано партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички протиник е ДУИ, па секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок – изјавил Таравари.

Таравари потврди дека се сретнал и пиел кафе со шефот на изборниот штаб на БЕСА, Аријанит Хоџа. Нему му кажал дека главниот политички опонент на АА е ДУИ.

 

20.10.2021 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега