Алијанса не помислува за смена на Зијадин Села

Алијанса за Албанците (АA) има потреба и понатаму од Зијадин Села за консолидирање на партијата, изјави генералниот секретар партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, зборувајќи за шпекулациите во јавноста за повлекување на Зијадин Села од АА по локалните избори.

– АА има потреба од Зијадин уште повеќе за да ја консолидира партијата. Еден дипломат ми кажа дека разделбата на Арбен и Зијадин има висока цена. Му реков дека ова нема да се случи. Политиката ја гледаме како мисија за доброто на граѓаните. Мислам дека има нови луѓе на кои треба да им дадеме простор. Наскоро го имаме конгресот и мислам дека треба да донесеме и нови фигури во партијата – изјави Таравари.

 

18.11.2021 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега