Алијанса за Албанците: Случајот на малиот Алмир докажува зошто не можеме да веруваме во нашиот правосуден систем

Случајот на малиот Алмир е случај што за жал во секој аспект докажува зошто не можеме да веруваме во нашиот правосуден систем и зошто секогаш сме должни да бараме правда во меѓународни инстанци, велат преку соопштение од Алијанса за Албанците.

„Државната злоупотреба на случајот, која по секоја цена го спаси сторителот на кривичното дело, сведочи за нашиот правосуден систем, кој не служи за ништо друго освен како алатка на извршната власт.

Не мора да се биде правен експерт за да се разбере дека предметниот случај ги има сите елементи за кои требаше да се суди според првата квалификација, без потреба од преквалификација! Правдата требаше да се загарантира од почетокот, затоа што тоа е тоа што една демократска земја им ја обезбедува на своите граѓани без оглед на религијата, националноста, расата!

Дали е ова иднината што им се ветува на нашите деца ?!

За жал, со заробен правосуден систем, не можеме да чувствуваме безбедност ниту пак живот во оваа земја.

Алијансата за Албанците постојано бараше и ќе продолжи да бара радикални реформи во правдата, што требаше да се направат одамна!

Без расчистување на заробениот правосуден систем и без да им обезбедиме на нашите граѓани правда, безбедност и живот, нашата совест не дозволува да размислуваме за други работи.

Време е за правда!“ велат од Алијанса за Албанците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега