Алиу: Во Владата на чело е Артан Груби, Талат Џафери само го чита дневниот ред
Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во „10 минути“ на ТВ21 изнесе детали од вчерашната владина седница.
Тој вели дека техничкиот премиер Талат Џафери само го чита дневниот ред, а која точка ќе помине, одлучува министерот Артан Груби.
„За жал, лично го познавам и господинот Талат Џафери. За жал, со средбата во Владата го руши профилот на техничкиот премиер и профилот на Џафери со преземањето на управувањето со процесите. Така, вчера техничкиот премиер само ги прочита точките и за сите Артан Груби одлучи дали ќе бидат на дневен ред, ќе гласаат „за“ или ќе гласаат „против“?“, рече Алиу.
За потсетување, Алијанса за Албанците го предложи министерот Алиу да биде разрешен од функцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа