(ВИДЕО) Лефков до Заев: Како со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра?

 

Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра? СДС и Филипче должат одговори.

Како Заев кој со години беше градоначалник, а потоа и премиер успеа со државната плата да ја купи луксузната јахта со која сега заедно со Венко Филипче плови по Егејското море?, праша на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Венко Филипче мора да им одговорат на граѓаните како нивниот поранешен претседател Заев ја купил јахтата и со кои пари? И како со плата на државен функционер се станува мултимилионер?

Уште поголема е дилемата кога малку ќе се подистражи, и ќе се дојде до податокот дека пловен објект од таков калибар има годишни трошоци за одржување, сервис, гориво и пристаниште кои на далеку ја надминуваат годишната плата на еден државен функционер каков што беше Заев.

Венко Филипче не може да бега од одговори, неговата поврзаност со Заев не е само партиска, туку и приватна, тие имаат фирми на исти адреси, браќата нивни се влезени во заеднички бизниси, едноставно премногу е тенка границата меѓу двајцата.

Венко Филипче и СДС да не се кријат. Народот чека одговори, изјави Лефков на денешната прес-конференција.

15.08.2025 - 14:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега