Анадолија: Стотици илјади цивили во Газа бегаат кон болничкиот комплекс

 

Турската новинска агенција Анадолија веќе известува дека стотици илјади луѓе почнале да се движат кон медицинскиот комплекс Ал Шифа во градот Газа, откако беше објавена веста за израелската наредба за евакуација.

Цивилите во Газа се збунети и преплашени и стравуваат дека нема да можат да го избегнат она што би било најголемото раселување во последните децении во малата енклава од само 365 квадратни километри. Околу 1,1 милион луѓе живеат во северниот дел на Појасот Газа, кој го опфаќа градот Газа и неговата околина.

Медицинскиот комплекс Ал Шифа е најголемиот во Газа, главниот центар на медицинската инфраструктура на градот Газа и често ги засолнувал цивилите во градот за време на напади или во време на криза.

Илјадници веќе се засолниле таму, а болницата претрпела штета од блиските воздушни напади. Лекарот Гасан Абу-Ситах во болницата Шифа вчера изјави дека „тие се наоѓаат на преломна точка“. По ходниците има ранети, а нема кревети. Зафатен е блискиот бегалски камп, а капацитетите на сите болници одамна се исполнети.

13.10.2023 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега