Андонов и Ременски едногласни: Сите жаришта во регионов се предизвикани од руско влијание
Во последно време се почесто се споменува руското влијание во земјава, како еден од факторите на дестабилизација и на насочување на Македонија не кон ЕУ, туку кон други правци.
За ова коментираа и професорите Фросина Ременски и Оливер Андонов вечера во „Клик Плус“ на ТВ21. Тие беа едногласни дека во регионов сите жаришта се креирани од руско влијание.
Андонов: Во неколку наврати имам пишувано дека е силно руското влијание, секако, тоа нема директно да дојде од Русија, но ќе го видите во разни облици на создавање состојби со кои ќе се создаде конфликност. Конфликноста со Бугарија доаѓа од Бугарија со некоректни изјави, кои кореспондираат со изјави и од Македонија. Имате влијание од други соседни земји, но и од земји членки од ЕУ, кои финансираат во мојата политичка партија, или медиуми блиски до политичката партија, и тоа е видливо влијание.
Ременски: Многу е интересно да се слуша дебатата дека тие што сакаат да одат кон ЕУ исклучиво се американски ориентирани, а сите кои не сакат се руски ориентирани, но факт е дека има едно сериозно доминантно влијание за регионална дестабилизација. Ова не е само наше национално прашање, туку прашање на ЕУ и на НАТО. Ги слушам сите изјави од високите челници на САД кои не посетуваат често, и ни ги упаќаат пораките, вклучително во сите случувања со руско-украинската војна и конфликтот на Блискиот Исток, кога ги гледате тие ситуации, и кога ќе видите какви жаришта се отвораат за дефокус од клучните политички прашања, не може да го исклучите руското влијание, односно јасно е дек тие се предизвикани под руско влијание.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа