Андоновска: Филипче нема ниту план, земјава последна ќе ги добие вакцините, тоа чини животи

Сите земји во регионот се посветени и организирани на зачувување на здравјето на граѓаните, само кај нас тоа не е приоритет, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Србија стигна вакцина и почнува вакцинацијата, а тестови за корона можат да се купат во секоја аптека за 10 евра. Грција и Бугарија имаат вакцини, а Филипче нема ниту план, уште помалку одреден термин кога ќе стигнат вакцините за да започне вакцинацијата. Значи кога речиси сите веќе набавија вакцини и стартуваа со вакцинација против корона, Филипче не знае каде тера. Прво, Филипче рече вакцина за корона ќе имало на почеток на следната година, за  потоа да ја смени изјавата дека тоа ќе се случи во март. Вчера веќе објаснува како Македонија била мал пазар па вакцини ќе имало во втората половина на 2021 година. Нема одговори од надлежните за клучните прашања дали, кога и колку дози на вакцини навистина ќе има, како и тоа дали граѓаните ќе имаат избор на различни вакцините кои веќе се употребуваат?, прашува Андоновска.

Таа додава дека она што ни го кажува министерот за здравство е спротивно од онаа реалност за која постојано ни сведочат граѓаните.

-Народот поради ова нема доверба во здравството на Филипче. Прашање е дали и тој самиот верува во она што го говори, бидејќи ги избегнува средбите кои ги бара опозицијата, а со тоа ги игнорира и прашањата на граѓаните. Соседите сите се пред нас, сите се подобро организирани кога во прашање е здравството. Грција, Србија, Бугарија сите имаат помала смртност како и соодветни услови за лечење и навремени мерки. Како може Србија, која исто не е членка на ЕУ како нас, да набави неколку видови на вакцина и да изгради две болници во овој период, од кои втората само за четири месеци ја кренаа од темел и ја пуштија во употреба. Кај нас шатор не се способни да постават, а камо ли нешто друго. Што направија нашите власти на оваа тема?! Што има во Македонија, едно големо ништо! Во Македонија големи се само лагите на Венко Филипче, додава Андоновска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2020 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега