Андоновска: За состојбата во ЈСП виновни се директорот, Арсовска и владата
Наместо да зборуваме за продолжување на автобуските линии кои што се ветени во програмата за Модерно Скопје, за воведување на нови линии, за бесплатниот градски превоз, ние денеска за жал мораме да расправаме за спас на јавниот градски превоз, вели советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска на денешната вонредна седница за случувањата во ЈСП.
Андоновска потенцираше дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната седница ќе предложат иницијатива за донесување на одлука со која што ќе им се овозможи на граѓаните на Скопје да имаат градски превоз, коментирајќи дека изјавата на секретарот на Град Скопје и директорот на ЈСП дека граѓаните нема да имаат од денеска градски превоз е недозволива.
Замислете ние денеска треба да расправаме како и на кој начин да им обезбедиме на граѓаните автобуси, затоа што скопјани мора да имаат јавен градски превоз. Од таа причина советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција на денешната седница предложи иницијатива за донесување на одлука со која што ќе им се овозможи на граѓаните на Скопје да имаат градски превоз. Замислете ние за што ние денеска расправаме, до каде ја донесоа ситуацијата во Град Скопје неколку чинители, вели таа.
На вчерашниот ден можевме да проследиме еден прес на секретарот на Град Скопје и директорот на ЈСП, каде што не известија дека денеска во 12 часот скопјани немаа да имаат градски превоз. Тоа е недозволиво, смета Андоновска.
За лошата состојба во ЈСП, Андоновска рече дека виновни се менаџментот и директорот на ЈСП, градоначалничката и владата.
За оваа ситуација во која се доведени граѓаните денеска на Град Скопје, одговорни се три чинители, менаџментот и директорот на ЈСП, Град Скопје и градоначалничката и секако Владата. зошто го велам ова, ќе почнам по ред. Во оваа програма овде која ја нудевме на граѓаните им ветувавме нови кадри и нов начин на работа, чесен и достоинствен. Луѓето ни поверуваа и јасно на изборите покажаа зад кој застанаа и кој е победникот и каква локална власт очекуваат. Но, наместо тоа, што имаме ние денес во Град Скопје, нереализирана програма, кадри од ДУИ, кадри од СДСМ, разно разни луѓе кои што практично значат неменување на нештата од тоа што било претходно, луѓето сакаа промени, а промените не ги гледаат, децидна е Андоновска
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа