Доктори од ГАК присуствуваа на напредна обука во Солун
Дел од пресоналот предводен од директорката на ГАК Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев и Ас. Д-р Даниел Милковски присуствуваа на напредна обука организирана во болницата „Св. Лука“ во Солун.
-И за некого чиниш одмори пристигнаа, а за нашиот персонал е само уште едно жешко лето кое продолжува во духот на едукацијата и имплементирањето на нови техники на нашата клиника, истакнаа од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје.
„Беше големо задоволство да учествувам на Напредниот лапароскопски курс организиран од Олимпус, што се одржа во болницата „Св. Лука“ во Солун.
Импресивна програма, врвни едукатори и одлична можност за подобрување на лапароскопските вештини! Голема благодарност до организаторите и сите учесници за инспиративната размена на знаење и искуство“, изјави Проф. Д-р Алексиоска Папестиев по повод посетата.
Кога се работи за здравјето, медицината не знае за годишно време, ниту за било какво време, постои само бесконечност во изнаоѓањето и примената на се што ќе биде во полза на истото, нотираат во објавата од ГАК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа