Андоновски: Ако Бугарите отворат клуб во Македонија и се вика Васил Лаевски - би бил еднакво прифатен

Говорејќи за македонскиот културен клуб што се формираше изминатиов викенд во Благоевград, Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерните вести на Сител ТВ рече „клубот носи име на општо прифатена личност од двата народи, голем антифашист“.

„Ние како партија го поддржуваме овој процес или клубовите. Некои не ни поминаа регистрација или се забранети. Тие поминаа голготи во Судот за човекови права во Стразбур, а станува збор за право на здружување, на говор. Тоа се Македонци и знаеме дека нивната борба ќе биде тешка, но ќе најдат начин правно да го вообличат тоа и да делуваат“, рече Андоновски.

Говорејќи за присуството на партиска делегација на отворањето на клубот во Благоевград што се случи викендов, Андоновски рече дека тоа е историски настан за кој како што рече „ќе се навраќаме со гордост“.

Според него доколку Бугарите отвориле клуб во Македонија кој би се занимавал со културни прашања, на пример насловен како Васил Левски би бил еднакво прифатен.

„Но, тие отвораат клубови за провокација, а не некои кои би соработувале на пример со наши уметници. Клубовите им се само со нивната реклама и да направат негативни чувства на Македонците, ако се оди на отворање на културни клубови, тоа ќе биде соработка и никој нема да има против тоа“, рече Андоновски.

 

01.11.2022 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега