Андоновски: Арсовска да размисли за оставка

Данела Арсовска од дрвата не ја гледа шумата. Треба да размисли за понесување одговорност или оставка. Ваков е ставот на советникот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

-Сметавме дека градоначалничката како профил и образование, може да се носи со предизвикот да биде главен менаџер на градот. Реализацијата на проектите можевме да ја видиме по третиот или четвртиот месец. По одредено време, видовме дека проектите стојат, реализацијата е мала, ситуациите се блокирани и видовме дека мора да бараме алтернатива како да си ги реализираме проектите. Видовме дека тоа не функционира и го задржуваме правото кое што го имаме од првата седница – дека ќе критикуваме тоа што не го бива. Граѓаните да бидат мирни, сите проекти кои што сме ги ветиле, планираме да ги испорачаме“, рече Андоновски.

-Како градоначалник Арсовска од дрвата не ја гледа шумата и постојано се занимава со ситници, а не со проекти. Треба да размисли за понесување одговорност или оставка, додаде советникот на Град Скопје.

14.09.2022 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега