Во Битола ископани 110 пушки од Првата светска војна


Во старата касарна во Битола при ископ пронајдени 110 стари нефункционални пушки од Првата светска војна.

Вчера во 10.48 часот во СВР Битола, вработен во градежна фирма пријавил дека при вршење на ископ во Старата касарна во Битола пронашле поголем број на стари пушки.

Увид извршила екипа од СВР Битола, а на 22.05.2024 пушките биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој констатирал дека станува збор за 110 стари нефункционални пушки со потекло од Првата светска војна.

23.05.2024 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега