Андоновски: Потребни се брзи предвремени парламентарни избори

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски во синоќешното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 уште еднаш посочи дека брзи предвремени парламентарни избори е едно  барање кое партијата веќе подолго време го има.

-Секако дека остануваме барањето за предвремени парламентарни избори и тоа го бараме веќе подолго време, а тоа е дека на државата и е потребна стабилност во водењето. Видовме дека последната измината година од кога што СДСМ формираше една приклопена влада од повеќе елементи, голем број на коалициски партнери а мал број на пратеници кои што изворно доаѓаат од СДСМ, бројката мислам дека е околу 36 или 37, сите останати се дел од некои коалициони партнери кои што на овие избори видовме отидоа сами со специфични слогани, еден од нив беше дека треба одлучно да настапиме за промени за промени, што е малку чудно кога доаѓате од позиција на позиција и од тука сметаме дека сега било какво прилепување на оваа владина коалиција би предизвикаа дополнителни потреси, дополнителна нестабилност во општеството, рече тој.

Меѓутоа Андоновски посочи дека многу позначен факт дека се потребни брзи превремени парламентарни избори е тоа што граѓаните на локалните избори во огромно мнозинство одлучија да ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Второ а многу позначајно, граѓаните на Република Македонија на овие избори одлучија во огромно мнозинство довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија и тоа беше најголемата победа на локални избори на било која опозициска партија во Европа и таа одговорност која што ја имаме и таа доверба која што ни е дадена од граѓаните не соодвестува со состојбите во собранието и така граѓаните ќе се чуствуваат фрустрирани. Тие гласајќи за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ јасно покажаа дека не се за оваа влада, дека не се за оваа политичка конструкција која што во моментот е на власт, порача Андоновски.

Додаде дека класична лага е онаа, како што рече, весела математика која што ја пласира СДСМ со одземање и собирање гласови, но еве и тоа е добар аргумент дека е време да одиме на избори.

-Ако СДСМ е толку сигурна дека го победила ВМРО-ДПМНЕ и заедно со својата коалиција се подоминантни на теренот, тогаш нема аргумнет зошто да не се оди на избори, смета Андоновски.

05.11.2021 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега