Ангелов за пожарите во пехчевскиот регион: Без паника - безбедноста на луѓето на прво место

Во овој момент пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно, со сета сила, ќе удрат по големот пожар кој се заканува на околните села, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на Фејсбук.
„Без паника!
Безбедноста на луѓето на прво место!
Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се одалечи на безбедно.
Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат“, напиша Ангелов.

04.08.2021 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега