Антивладини протести во Кратово и Крива Паланка: „Оставка на Заев веднаш“ (ФОТО)

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестира во 11 градови низ државата. Од Партијата соопштуваат дека граѓаните на Кратово и Крива Паланка вечерва масовно излегле за да покажат незадоволство од работењето на СДСМ.

-Сакаат да го продадат Гоце, за да склучат уште некоја зделка за производство на марихуана или некоја друга бизнис зделка. Ние тоа нема да го дозволиме. Досра е веќе! Напушете ја Владата и ослободете го Собранието и Судот. Неспособни сте, и тоа го видовме овие четири години додека си игравте држава. Преку глава му е на народот од вашите погрешни и антидржавни политики. Веднаш оставка! Бараме оставка на Заев и неговата криминална власт и слобода за народот!, бараат жителите на Кратово и крива Паланка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.   

Учесниците на протестот во одделни обраќања побарале веднаш да прекинат преговорите со Бугарија, а членовите на меѓудржавната комисија за историски прашања да поднесат оставки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега