Апасиев: Челичење на Талатски начин - Во 10:00 почнуваат Уставни измени, во 9:00 ни ја исклучија климата
Лидерот на политичката партија Левица и пратеник, Димитар Апасиев пред почетокот на седницата на Комисијата за уставни прашања во Собрание, на својот официјален фејсбук профил објави фотографија од термометар и напиша:
„Во 10:00 почнуваат УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ.
Во 9:00 ни ја исклучија климата у Собрание.
Челичење на Талатски начин“.
По усвојувањето на дневниот ред, предлогот пред пратениците би требало да го образложи премиерот Димитар Ковачевски.
Уставните измени со вклучување на бугарскиот народ се обврска која беше преземена од Македонија за продолжување на преговорите со Европската Унија.
25.07.2023 - 09:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа