Апасиев го откажа присутвото на лидерската средба - му порача на Ковачевски истата да се помести

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев за утре го откажа своето присуство на лидерската средба на која треба да се договори датум за избори. На премиерот Димитар Ковачевски преку социјалната мрежа Фејсбук му порача да ја помести средбата за посоодветен тајминг.
„Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на ЛИДЕРСКА за датум за избори!
Поради ова, јас како претседател на Левица го ОТКАЖУВАМ моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето - преку парламентарна надзорна расправа - на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ)“, стои во објавата на лидерот на Левица, Апасиев.
04.12.2023 - 00:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа