Апасиев: Над 200.000 Македонци одбиле да се попишат

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека над 200.000 Македонци одбиле да се попишат. Тој алудира дека доволно е само 50.000 граѓани да го бојкотираат пописот за да се смета за невалиден.

-Знаете зошто Апостол не казнува за одбивање фалц-попис? Затоа што над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат! Ако почнат да пишуваат казни, ќе има евиденција, а вака нема траг.

А според светските статистички стандарди, попис кој го бојкотирале само 2,5% од населението се смета за НЕВАЛИДЕН. Тоа, во наши услови, значи дека доволно е 50.000 луѓе да одбијат да учествуваат во фалсификатот, и планот за етноинженерингот нема да има меѓународна верификација. Официјалните бројки се лажирани, а само една општина (Аеродром) е на добар пат да го сруши фалсификатот. А тек па другите бојкотирачи низ цела Македонија, напиша Апасиев на фејсбук.

20.09.2021 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега