Дома си насадил 137 стеблa канабис - приведен кичевчанец

 


Вчера во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Е.Ј.(54) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се вкупно 137 канабис стебла со различна висина како и растенија канабис, посадени во пластична чаша.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

05.07.2025 - 13:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега