Апасиев постави спомен-плоча кај Вејце: Правдата за семејствата на загинатите македонски херои никогаш не пристигна

 

Највисока делегација на Левицата, предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов, им оддаде почит на бранителите убиени во масакрот кај Вејце од страна на терористичките формации на ОНА. Апасиев на местото на злосторството постави спомен-плоча во чест на загинатите бранители.

Советниците на Левицата од Македонија деновиве поднесоа иницијативи за остварување на правата на бранителите, кои во 2001 година храбро се бореа за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.

Масакрот во Вејце е едно од најбруталните и најгромозорни воени злодела за кои сведочи поновата историја. На 19 јули 2011 година, со автентичното толкување на Законот за амнестијата, сторителите беа амнестирани од страна на Собранието на Македонија со гласење на пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, а под силен притисок од странскиот фактор. Правдата за семејствата на загинатите македонски херои никогаш не пристигна.

Хероите: Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, кои животот го положија за својата татковина, вечно ќе живеат во колективната меморија на македонскиот народ.

28.04.2023 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега