Апасиев во Џафери: Вие го силувате Уставот - ќе одите во затвор

Иницијатива за референдум, претседателот на Собранието е овластен само формално-правно да испита дали е уредна или не. Отфрлањето на Иницијативата е сериозно прашање кое, како што напомена Апасиев, Деловникот го третира не како спикерско, туку како пленумско овластување, смета пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.

-Немате други ингеренции, освен да ја доставите Иницијативата до Законодавно-правната и до матичната, Комисијата за политички систем. Овие комисии требаше да ви дадат мислење, тоа е вториот чекор – да кажат дали Иницијативата е уредна или не. Третиот чекор е, ако се утврди дека Иницијативата е неуредна, да се стави на дневен ред на првата следна собраниска седница. Четвртиот чекор е – Собранието, не спикерот, со заклучок да утврди дали Иницијативата е уредна или не и дури тогаш се известува официјалниот предлагач, во случајот Мицкоски, во рок од три дена. Вие сте пратиле обично известување кое не е правен акт и сето ова го имате прекршено преку силеџиско толкување на Уставот, објасни Апасиев.

Претходно тој на социјалните мрежи најави и кривична постапка против Џафери која очекува да резултира со затворска казна

Џафери на обвинувањата одговори дека Парламентот работи според Уставот и Деловникот, а претседателот на Собранието е должен да ги следи работите не само како форма, туку да ја следи и нивната суштина.

14.09.2022 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега