Apple на 9 септември ќе ја претстави серијата iPhone 17
Apple ќе го одржи својот следен голем настан на 9 септември, каде што ќе ја претстави серијата iPhone 17. Компанијата од Купертино ги потврди гласините и почна да испраќа покани.
На овој настан, Apple ќе ги претстави iPhone 17, iPhone 17 Air, iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max. Компанијата го избра слоганот „awe dropping – get it?“ за оваа пригода.
Презентацијата на серијата iPhone 17 ќе се одржи во аудиториумот на театарот „Стив Џобс“ во Apple Park во Купертино во 10 часот по локално време, или 19 часот по наше време.
Ѕвездата на шоуто несомнено ќе биде iPhone 17 Air, кој ќе служи како замена за моделот Plus во линијата и ќе биде неверојатно тенок. Неговата дебелина ќе биде помала од 6 милиметри, но ова не е без последици, бидејќи ќе има само една задна камера и мала батерија. Како ќе се снајде на пазарот, останува да се види.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа