Полицијата го идентификуваше напаѓачот кој уби две деца во католичко училиште во Минеаполис

 

Истражните органи во Минеаполис го идентификуваа вооружениот маж кој денеска уби две деца и рани 17 луѓе, од кои 14 деца во католичко училиште. Робин Вестман е напаѓачот кој кој пукал низ прозорци кон учениците додека тие присуствуваа на утринска миса. 

Дел од повредените деца, на возраст од шест до 14 години, се во критична состојба. 

Вестман се самоуби откако го насочил пиштолот кон себе. Дел од американските медиуми јавуваат дека неговата мајка работела во училиштето. 

Според пишувањата на локалните медиуми, полицијата истражува вознемирувачки видеа, објавени на негов Youtube канал. Само неколку часа поставени биле две видеа, кои во меѓувреме се избришани, а за кои медиумите пишуваат дека манифест на кирилично писмо. Во другото видео прикажани се цртежи од црквата. 

27.08.2025 - 22:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега