Апсење во Арачиново: Извршени претреси во домовите на тројца разбојници

Полициски службеници од СВР Скопје денеска ги приведоа Г.М. (40), Х.А.(19) и Е.Н. (23) од Арачиново, поради основано сомнение дека се сторители на три разбојништва и три одземања на моторни возила во перидот од декември 2020 до февруари 2021 година, информира МВР.

Кај трите лица извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се: дигитална вага, марихуана, фантомки и други предмети. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2021 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега