Арачиново доби 30 милиони денари за коронакризата- Градот Скопје, Центар Карпош и Чаир не се сметаат за обесправени

 

 

Владата на денешната седница донесе одлука да му додели помош од 30 милиони денари на Општина Арачиново, како еднократна финансиска поддршка за справување со потешкотиите настани поради Ковид-19 кризата.

Градоначалниците на Градот Скопје и општините Центар, Карпош, Чаир во изјава велат дека не се чувствуваат обесправено затоа што Владата и додели 30 милиони денари на општината Арачиново за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради Ковид-19 кризата. Тие велат дека централната власт со скоро исти суми финансирала и нивни општински прокети.

„По целосна разработка на проектите кои што градот и општините од градот имаат доставено до Влада, со цел на централната власт да и помогне на локалната власт и да изврши финансирање на определени проекти, завршени се во вкупен износ од околу 35 милиони евра за сите општини во нашата држава. Така што, нема обесправени општини во смисла дека добиваат материјална помош од централната власт а предизвикана поради скратените буџетски приливи на нашите буџети од ковид-кризата. Очекувам дека Владата ќе излезе со целовкупниот концепт многу набрзо. Не гледам дека има хендикепт во таа смисла“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, вели дека со пари од Владата во неговата општина ќе се реализираат два проекти, а сумата е колку и онаа што и е доделена на Арачиново, додека пак Висар Ганиу, како градоначалник на Чаир вели дека неговата општина добила 62 милиони денари за реализација на проекти во населбата Серава и е благодарен на тоа.

Градоначаникот на Центар, Саша Богдановиќ, смета дека секоја општина има свои приоритети. Општината со која раководи имала аплицирано за инфраструктурни прокети, а Владата исплатила 800.000 евра за нивна реализација.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2020 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега