Арјанит Хоџа: Желино може да ја растури Владата

Министерот за земјоделие и генерелен секретар на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа вели дека Желино може да ја урне владата.

-Желино, кадешто се роди една партија (како Движењето БЕСА) може да биде и Желино кое растура една Влада, кратко напиша Хоџа на социјалните мрежи.

БЕСА победи во вториот круг од локалните избори во Желино пред ДУИ, и тоа со разлика од само 69 гласа. Блјерим Сејди освои 5.171 глас наспроти кандидатот на ДУИ, Фатмир Изаири кој освои 5.102 гласа. Меѓутоа, интересно е што ДУИ поднесе два приговори за избирачките места во Желино, така што тука би можело да има прегласување доколку се утврдат неправилности.

04.11.2021 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега