Арсовска ги собра потписите за кандидатурата за градоначалничка на Град Скопје

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва на Фејсбук објави дека ги собрала потребните потписи за нејзината кандидатура.

Таа заблагодарувајќи им се на скопјани за потписите, побара поддршка од сите граѓани и партии и истакна дека влегува во оваа трка со чисто срце и јасна визија. 

-Денешниот ден го завршуваме со собрани потписи за мојата кандидатура. Ви ветувам дека заедно ќе го направиме градот метропола со која ќе се гордееме. За Скопје од нас, за наше Скопје. Време е за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град, вели Арсовска.
 
Секоја поддршка, посочи, е добредојдена.
27.08.2021 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега