Арсовска: Немам бугарско државјанство

Кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, во вечерашното гостување на ТВ24 ги демантираше информациите кои денеска ги објави СДСМ дека таа поседува бугарски пасош.

https://adsdms.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=33&loc=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Farsovska-nemam-bugarsko-drzhavjanstvo-ne-sum-donirala-pari-na-partija%2F&cb=078984aea1

„Каде се информациите дека сум била донатор на политичка партија, каде се информациите дека наводно сум била муслиманка? Знам во каква борба влегувам и знам дека немам ниту една дамка, а тие имаат многу што да изгубат, рече Арсовска.

Објаснувајќи зошто одбива да се појави на телевизиски дуел со Шилегов, Арсовска рече дека актуелниот градоначалник и нејзин противкандидат „лично ја напаѓа, се обидува да ја дисквалификува, ги негира нејзините квалификации и ја деградира“. Шилегов на градоначалничкиот профил објавува видеа со кои ја исмева како личност, вели таа.

„И тој смета дека тоа е демократија, а тоа што не сакам да седнам на маса со него не е демократија. Шилегов не го разбира концептот на демократија. Треба да ми се извини затоа што човечки е да се извините ако згрешите. Како второ, до овој момент верувам дека тој не е достоен човек за да биде градоначалник,“ рече Арсовска во емисијата „24 анализа“.

 

26.10.2021 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега