Арсовска новогодишната ноќ ја помина со дежурните од Итната помош, пожарникарите и полицајците
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новогодишната ноќ ги посети припадниците на Службата за итна мединска помош, полициската станица за општа надлежност Кисела Вода СВР Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
– Новогодишната вечер ја минавме со луѓето кои се грижат за нашето здравје и безбедност, припадниците на Службата за итна мединска помош, полициската станица за општа надлежност Кисела Вода СВР Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Чест ми е што имавме можност да сме со нив вечерва, голема почит за нивната неуморна работа во служба на граѓаните, вели Арсовска на објавата на нејзиниот Фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа