Сопруг дивеел во Скопје: Два пати ја натепал сопругата за еден ден, и го искршил телефонот и автомобилот
Вчера во 00.28 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од скопско пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.И.(39), кој ѝ го оштетил мобилниот телефон и кој потоа физички нападнал ѝ едно машко лице.
Исто така, истиот ден во 18.40 часот таа пријавила дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба, сопругот повторно физички ја нападнал и го оштетил нејзиното возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
22.05.2025 - 15:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа