Арсовска: Од денеска почнуваме со реализација на сите проекти предвидени во првите 82 дена
Новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, која денеска ја презеде функцијата преку видео порака до скопјани рече дека уште првиот ден почнала реализацијата на сите проекти предвидени во првите 82 дена.
-Заедно уште од првиот ден отпочнуваме јасно, транспарентно, вредно, чесно и посветено да работиме на сите оние проекти, кои беа во визијата и во програмата за модерно европско Скопје. Но, уште поважно е дека од денес, од првиот ден на мојот мандат како градоначалник на Град Скопје започнавме со реализација на сите проекти предвидени за првите 82 дена, рече Арсовска.
Таа денеска ја презеде функцијата од својот претходник Петре Шилегов со кого всушност и се бореше за градоначалничката фотелја во вториот круг од локалните избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа