Арсовска: Заев веќе ја најави својата оставка, истиот момент кога јас ќе победам и ќе бидам новиот градоначалник на Скопје

“Господинот Заев веќе ја најави својата оставка, истиот момент кога јас ќе победам и ќе бидам новиот градоначалник на Скопје. Тоа го мислеше како закана, но за Македонија тоа ќе биде благослов. Господине Заев, ве предизвикуваме: Вашата оставка нека биде првото ветување што сте го дале, а сте го исполниле. Затоа, драги мои скопјани, драги мои сограѓани да му помогнеме да си замине. Да ја започнеме промената во Скопје”, изјави Арсовска во своето вчерашно обраќање пред скопјани уште еднаш го повика премиерот Заев да се држи до зборот и да си поднесе оставка, откако таа во недела ќе победи на локалните избори и ќе стане новиот градоначалник на Скопје.  

Таа порача дека сега е време за промени кои ќе донесат поубави денови за Скопје и скопјани.   “Последните денови од оваа кампања покажаа појасно од кога било досега дека на Скопје му требаат промени, дека и на Македонија и требаат промени. Последните неколку дена од оваа кампања го открија вистинскиот лик на владејачката партија, ликот на премиерот и ликот на градоначалникот во заминување. Сè што слушнавме од нив беа лаги, лажни вести и навреди.

Никој веќе не ви верува, вашата црна кампања за жал нема да ве спаси. Граѓаните сакаат лидери кои стојат на својот збор. Сега е вашето време да се извините - не мене, затоа што мене многу неправда ми нанесовте. Време е да се извините на граѓаните кои секојдневно ги лажете. Време е да се извините што не исполнивте 95 отсто од вашите ветувања, господине Шилегов - за запоставување на Скопје, за нерешавање на сообраќајниот хаос, за уништување на нашето зеленило и за несправување со загадувањето на нашата животна средина, им порача Арсовска.

29.10.2021 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега