Арсовски: „Домат“ дипломатијата ни се удри од глава – решението е во Влада за национален спас

Република Македонија од вчера, покрај здравствената ситуација, во која што се наоѓа во прилично сложена и сериозна ситуација и на надворешен план. Владата на Зоран Заев и СДСМ потфрли во ЕУ интегративниот процес, посочува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

-Трета година по ред Зоран Заев, заедно со Никола Димитров ги лажат граѓаните дека добиваме датум за преговори и дека ги отпочнуваме преговорите. Оваа лага излезе на површина и за жал, штетата сега ја трпат сите граѓани и самата држава Република Македонија. Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска де факто немаат капацитет да нудат повеќе европска иднина. Тонат во бездна, а со нив ја повлекоа и целата држава и целиот народ. Шарлатанското однесување од типот на „домат дипломатија“ и „љубави, како си, те поздрави Зоки” излезе на виделина и конечно стигна поздравот до Зоран Заев и Владата за нивната несериозност, некапацитетност, некадарност, и негрижа кон државата и граѓаните, како и кон националните интереси, порача тој.

Арсовски потсети што велеше Зоран Заев на 26.07.2017 година во однос на потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, а потоа потсети и на уште едно видео што велеше Зоран Заев во однос на надворешните прашања.

-По се изгледа не било онака како што велел Зоран Заев изминативе неколку години. Во овие моменти, тешки моменти за државата и граѓаните, кога стигна одговорот од бугарската влада за шарлатанската дипломатија на Зоран Заев, не страдаат само Владата на СДСМ, ним им е гајле тие уживаат и ќе уживаат во милионите кои што ги испокрадоа, туку страдаат граѓаните, обичниот народ и самата држава. Поривот за лажење, манипулирање и давање лажни ветувања на Зоран Заев кој што го гледаме изминативе години ја донесе Република Македонија до ќорсокак и до момент кога се што ветувал не може да исполни и затоа му се случува ова сега, не му се случува него, туку за жал штетата ја трпат граѓаните и државата. Бидејќи вчера Стево Пендаровски рече дека бил постигнат договор, па потоа не испаднало така се изјаловила работата, јавно прашуваме, што стоело во тој постигнат договор помеѓу Македонија и Бигарија, односно Заев и премиерот на Бугарија, што содржел истиот договор за кој се согласиле Зоран Заев, Димитров, Османи и Пендаровски, целата влада, а не се согласила бугарската страна? – истакна тој.

Арсовски порача: Барем еднаш нека бидат искрени и нека не ги манипулираат и лажат граѓаните. Вистината повторно ќе излезе на виделина.

-Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, ги ставија на тацна и на тезга за распродавање најсветите работи за Македонците, за граѓаните на Република Македонија, а тоа се идентитетот, историјата, нашите херои, нашите емотивни поврзаности со историски моменти и личности. Со нивното пазарџиско однесување, ги ставија граѓаните и државата во положба и позиција дотолку слаба во моментов, што ги наруши трајно, потенцирам трајно ги наруши, сите можни преговарачки позиции на Република Македонија во иднина. Ова што и се случува на Република Македонија и нашиот напатен народ е навистина тажно и жално. И целата вина е сконцентрирана во Зоран Заев. Се надеваме дека немаше да има пречки во овие интегративни процеси доколку Зоран Заев беше чесен и искрен во намерите, а и кон граѓаните и не ги манипулираше сите засегнати страни, па и граѓаните, опозицијата и соседна Бугарија. Изборот со Заев за жал е или асимилација или губење на време како што тој го претставува за ЕУ интеграција, или надвор од ЕУ и целосна блокада на преговорите. Оваа политика на Зоран Заев доживеа фијаско и е сосема извесно дека Заев нема ниту еден успех во надворешната дипломатија, тоа се виде. Удирањето во ѕид значи дека Заев мора да си даде оставка и сите политички субјекти да работат за формирање на Влада на национален спас. Оваа влада во овој формат е повеќе од било кога потребна во моментот, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски понатаму заклучи:

„Зоран Заев и сите останати во Владата повеќе немаат капацитет да ја водат државата, потребно е да си дадат оставки и како што реков да се формира Влада по формат за национален спас.

Ова се моменти кога треба да се размислува рационално и трезвено, а не со капацитетот на размислување на Зоран Заев. Тоа се покажа како неуспешно“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2020 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега