Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работните групи со Република Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од работните групи со Бугарија.

Портпаролот Димче Арсовски вели дека досега не добиле покана, но и оти доколку стигне тие ќе ја одбијат. Посочи дека не сакаат да бидат декоративен елемент на власта и со тоа дадат легитимитет на, како што рече, нивното погрешно функционирање.

-Онаму кадешто власта треба да земе учество и кадешто опозицијата, односно ние упорно ги каниме да дојдат и да одговараат прашања е Комисијата за надворешни работи кадешто министерот Бујар Османи упорно бега да даде одговори и не учествува во истата. Претходно, исто беше случај и со Никола Димитров, сега е со Бујар Османи. Така што, еве јавен повик Бујар Османи да земе учество во таа Комисија за надворешни работи во Собранието, рече Арсовски.

20.01.2022 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега