Арсовски: Заев по секоја цена со европско знаменце во Собранието сака да го изгласа Законот за марихуана

Граѓаните ја видоа неспособноста на Зоран Заев и оваа Влада, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа го покажува и последната анкета на Националниот демократски институт, којашто јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство и сериозно оди кон нова победа на локалните избори. Јасно се гледа на анкетата неспособноста на власта, личниот интерес пред интересот на граѓаните на власта, владеењето на селективна правда и невладеењето на демократијата, неспособноста да се справат со здравствената криза настана од пандемијата и економската криза. За жал многу јасно се гледа ставот на граѓаните согласно анкетата дека Република Македонија се побрзо и повеќе се движи во погрешна насока. И да, тоа е она што го говориме од самиот почеток дека оваа Влада предоводена од Зоран Заев и од неговите неспособни министри се движи во погрешна насока, односно наместо за интересот на граѓаните, работи единствено за личниот интерес и сега во однос на пред 4 години ситуацијата е многу полошо. Зоран Заев свесен дека ја губи власта и дека ќе биде сменет, повторно почна со личните фамилијарни агенди на нарко картелот Заеви, вели Арсовски.

Тој додава дека веќе и самиот убеден дека ќе ги изгуби на изборите, Заев по секоја цена со европско знаменце сака во Собранието да го изгласа Законот за марихуана.Предложен пред само неколку дена од страна на Владата, нормално од најверниот претставик кој го брани до крај криминалот на Зоран Заев и власта, Венко Филипче, како ресорен министер на министерството за здравство.

-По ниту едно поглавје, по ниту еден критериум и интерес на европското семејство и ЕУ не може да се стави овој закон за марихуана или канабис да биде изгласан со европско знаменце. Тоа е закон кој е единствено од интерес на нарко мафијата, односно на картелот Заеви кои ја предводат таа мафија. Тоа е закон кој треба да го легализира она за кое што е уапсен шоферот на Трајче Заев и командирот на прилепската полиција кои беа уапсени за шверц на марихуана. Овој закон треба да го легализира тоа и овие луѓе да бидат на слобода. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане до крај против личните интереси на нарко картелот Заеви и нема да прифати закон кој треба криминалецот Заев и неговата фамилија да ги направат најбогат нарко картел, а Зоран Заев најбогат нарко бос на Балканот и тоа единствено на грбот на граѓаните. Граѓаните се свесни и затоа ќе ги поразат СДСМ, а еден апел на пратениците на мнозинството во Собранието, кои треба да бидат свесни дека со гласањето на овој закон се само инструмент за лично богатење на Зоран Заев и заштита на криминалот којшто го прави. Е затоа СДСМ и Зоран Заев ќе бидат поразени на овие избори, потенира Арсовски.

14.08.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега