Младо момче зад решетки: Крадел пари од црква и украл донација за болно дете

 

Лишен е од слобода  млад кавадарчанец, кој се сомничел дека одземал пари од црква и украл донација за болно дете, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

- Вчера во 11:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.О.(19) од овој град, затоа што тој од верски објект (црква) во Кавадарци со употреба на алат и сила, од касетите во објектот одземал пари и кутија во која имало пари за донација на болно дете, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе била поднесена соодветена пријава.

06.06.2025 - 11:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега