Авион кој полетал од Белград итно пренасочен поради појава на чад во кабината

 

Авион на швајцарската авиокомпанија „Свис“, кој летал од Белград до Цирих, денес извршил итно слетување во Фридрихсхафен, Германија, поради чад во задниот дел од кабината.Според соопштението објавено на веб-страницата на швајцарската авиокомпанија, станува збор за Ербас А220-300 и лет LX1413.

Во согласност со стандардните процедури во вакви ситуации, соопшти компанијата, екипажот одлучил да се пренасочи кон најблискиот соодветен аеродром и слетувањето се одвивало без проблеми.

На местото на настанот пристигнало медицинско возило и бил организиран автобуски превоз до Цирих.

„Точната причина за инцидентот моментално е под истрага“, се вели во соопштението на компанијата.

07.07.2025 - 18:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега