Автомобил излета од патот, повредени две штипјанки


Вчера во 11.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Кадрифаково - Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната К.М.Л. од с.Врсаково, штипско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка Ж.М.(53) од истото село, додека К.М.Л. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

28.05.2024 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега