Азески на средба со косовскиот колега за проблемот со задржување на македонски камиони

 

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

Во соопштението од Стопанската комора се посочува дека според информациите што ги добиле од домашните извозни компании, на косовската страна на границата се задржуваат камиони од Северна Македонија, без соодветно образложение, предизвикувајќи економски штети и нарушување на трговската размена. Бидејќи се работи за прехранбени производи, кои мора да бидат во согласност со здравствените и безбедносните стандарди, како што нагласуваат од Комората, протокот треба да биде без застој за да не се наруши континуитетот на домашните извозници, што може да предизвика и финансиски импликации.

Од Комората за денеска најавуваат дека ќе се реализира и средба на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со претседателот на Косовската комора Лулзим Рафуна, со цел да се изнајде решение и да се одблокира застојот. 

07.05.2025 - 11:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега