Башкими: Натпреварот против Кожуф беше чист, победата е заслужена
Фудбалскиот клуб Башкими се огласи со официјално соопштение во врска со неодамнешниот натпревар против екипата на Кожуф. Од клубот категорично ги отфрлаат сите евентуални сомнежи во регуларноста на натпреварот, истакнувајќи дека победата од трите освоени бода е резултат на чиста игра и голема заслуга на нивниот тим.
„Нашиот клуб, со највисока одговорност кон нашата верна публика, нашите спонзори и целата спортска јавност, ги известува сите дека како и секој одигран натпревар досега, вклучително и овој последниот против ФК Кожуф, беше целосно чист и регуларен. Со огромна посветеност, напорна работа и демонстрирана квалитетна игра на теренот, нашиот тим со голема заслуга ги освои трите значајни бода“, се наведува во официјалното соопштение на ФК Башкими.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа