Бектеши: Арачиново е дискриминирана општина - мораме да продолжиме да им помагаме

„За жал, вакви реакции се случуваат и кај нас, можеби ќе ни треба уште повеќе време да ја имаме вистинската зрелост во Северна Македонија и да не правиме разлики по етничка припадност и по општина од каде што доаѓаме“, па така министерот за економија Крешник Бектеши денеска во „Клик 21“ на ТВ21 ги коментираше бројните реакции во јавноста по одлуката на Владата да издвои буџет од 66 милиони денари за да се реши проблемот со канализацијата во Харачина. Бектеши рече дека и покрај реакциите ќе продолжат да ги поддржуваат дискриминираните општини во државата.

„Владата ќе продолжи да им помага на општините кои беа дискриминирани со години пред тоа, дури и пред 2001 година, на кои им е потребна помош од Владата. Зборуваме за еднаков регионален развој, еднаков локален развој, како што урбаните општини имаат услови, ако тврдиме дека вистински се приклучуваме на ЕУ, мора да им понудиме исти услови и на руралните општини“, рече Бектеши.

29.08.2022 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега