Бектеши: Обезбедени се 50 милиони евра за петтиот пакет мерки

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 Aнализа“ рече дека вакцинацијата ќе влијае врз економијата и динамиката на опоравување. Според него, многу е важна вакцинацијата во регионот и земјите со кои Македонија остварува трговска размена.

Во однос на петтиот пакет мерки рече дека парите се обезбедени во буџетот за оваа година.

-Имаме обезбедено 50 милиони евра и моментално ги дизајнираме мерките и тие ќе бидат таргетирани секторски каде имало поголемо влијание од ковид-19 во делот на намалувањето на приходите на отпуштање на работници и тоа ќе го направиме заедно со Стопанските комори со сите засегнат страни. За кратко време ќе имаме состаноци и во склоп на владата имаме јавно-приватни состаноци каде се вклучени сите стопански комори, рече Бектеши.

Според него, власта ќе ги собере сите предлози, вклучителни и тие што пристигнуваат во неговото министерство, и на почетокот на февруави би требало на јавноста да ѝ се познати мерките кои треба да се реализираат со петтиот пакет мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега